ЕЦДЦ: Десет земји од ЕУ се изложени на висок ризик од епидемијата на ковид-19

Десет земји од ЕУ се изложени на висок ризик од епидемијата на Ковид-19 / Фото EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Сегашната епидемиолошка ситуација во ЕУ покажува брзо и значително зголемување на заразени случаи со коронавирус и ниска, но бавно зголемена стапка на смртност, наведува Европскиот центар за контрола на болести (ЕЦДЦ) во својата најнова проценка на ризикот.

– Инфицираните, хоспитализациите и смртните случаи се очекува да се зголемат во текот на следните две недели, соопшти европската агенција со седиште во Стокхолм.

Бугарија, Белгија, Полска, Холандија, Хрватска, Чешка, Естонија, Грција, Унгарија и Словенија се земји со највисок степен на загриженост. Во „алармантната” група се наоѓаат и Германија, Австрија, Данска, Финска, Ирска, Летонија, Литванија, Луксембург, Романија и Словачка. Три земји се наоѓаат во категоријата „умерена загриженост” (Франција, Португалија, Кипар), додека во четири земји развојот на епидемијата е причина за „ниска загриженост” – Италија, Шпанија, Шведска и Малта.

Методот што го користи европската здравствена агенција за категориите на загриженост вклучува апсолутни вредности (број на заразени пациенти, хоспитализации и смртни случаи), но исто така и последната динамика во нивниот развој.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот