ЕБОР со 13 милиони евра ќе ја финансира надградбата на патарините

фото: Слободен печат

Европската банка за обнова и развој со кредит од 13 милиони евра ќе го финансира подобрувањето на постоечкиот систем на патарини, како и новите станици за електронска наплата на истите.

Граѓаните на Македонија ќе имаат корист од поефикасната еколошка мрежа на автопатишта, благодарение на €13 милиони кредит наменет за финансирање на натамошните подобрувања на постоечкиот систем на патарини, како и новите станици за електронска наплата на истите. Надградбата ќе ги зголеми приходите, овозможувајќи македонскиот систем на автопатишта да биде финансиран на поодржлив начин.

Со овој кредит ќе се финансира надградба на пет наплатни станици долж Коридорот 8, како и изградбата на три нови станици, сите поврзани со центарот за патарини во главниот град Скопје.

Покрај подобрувањата на наплатниот систем, ќе бидат инсталирани и соларни панели на сите 15 станици за наплата на патарината во целата држава, со цел да се промовира поголемо користење на обновлива енергија. Овие панели ќе генерираат скоро половина од електричната енергија потребна да се одржуваат станиците.

ЕБОР има финансирано изградба и надградба на 8 станици за наплата на патарина долж Коридор 10, вклучувајќи инсталација на опрема за електронска наплата на патарина.

Кредитот на ЕБОР е доделен на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП). Се планира унифицирање на двата системи за патарина во систем кој ќе биде целосно функционален.

До денес, ЕБОР има инвестирано над 1.9 милијарди евра, во 117 проекти во Северна Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот