ЕБОР: Одобрена Стратегијата за Северна Македонија за следните 5 години

Бордот на директори на ЕБОР ја одобри новата Стратегијата за Северна Македонија за нејзиниот ангажман во земјата во наредниве пет години, до 2024 година, само неколку месеци откако стапи на сила Договорот за решавање на спорот со името и стратешкото партнерство со соседна Грција.

Како резултат на надежите за забрзување на процесот на приближување кон Европската унија и сè поголемата доверба на инвеститорите, новата стратегија потенцира дека темпото на идните реформи е клучно.

„Изгледите за забрзување на интеграцијата во Евро-атлантските институции, особено приближувањето кон ЕУ, продолжуваат да бидат клучен столб за структурни реформи и фактор на стабилизација”,  наведува документот. Исто така истакнува дека подобрените врски со Грција и другите соседи „придонесуваат за зголемена доверба на инвеститорите”.

Стратегијата за земјата на ЕБОР го нарекува овој момент ,,историска крстосница” и констатира: „Многу нешта ќе зависат од актуелниот опсег и темпо на реформски напори за насочување на земјата кон патот на одржлив и инклузивен раст.”

Стратешките приоритети на ЕБОР за следните 5 години се: 1) поддршка на конкурентноста преку подобрување на синџирите на вредности, надградба на вештините на работната сила и зајакнување на управувањето; 2) јакнење на регионалната интеграција, ,,меко” поврзување и поддршка на приближувањето кон ЕУ, и 3) поддршка на транзицијата кон зелената економија преку поодржливи енергетски комбинации и поголема ефикасност на ресурсите.

„Регионалната интеграција ќе биде насока по која ќе се раководат инвестициите на Банката и активностите поврзани со политиките, а посебен акцент ќе биде ставен на испитувањето на синергиите со активностите на Банката во соседните економии”, се наведува во стратегијата.

Реалниот раст на БДП во Северна Македонија во 2018 година изнесувал 2,7 проценти, а во 2019 година се предвидува да се зголеми на 3 проценти, како резултат на силниот раст на извозот и закрепнувањето на потрошувачката, како во приватниот, така и во јавниот сектор.

ЕБОР е главен инвеститор во Северна Македонија и досега има инвестирано приближно 2 милијарди евра во 115 проекти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот