ЕБОР ќе вложи над една милијарда евра во Западен Балкан

Европската банка за обнова и развој планира инвестиции од над 1,1 милијарди евра во регионот на Западен Балкан.

Кредитната институција ќе финансира проекти од областа на инфраструктурата, енергетиката и приватниот сектор.

„Во 2018 година инвестициите во регионот достигнаа 1,1 милијарди евра, а плановите за оваа година ја предвидуваат најмалку иста количина“, вели генералниот секретар на ЕБОР, Енцо Куатрокиоче, цитиран од „Ројтерс“.

ЕБОР е основана во 1991 година, а главната нејзина цел е да се поддржи финансирањето на проекти во поранешните држави од СССР во Источна Европа. Денес банката оперира во 38 земји и е еден од најголемите кредитори во Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија.

Институцијата ќе одржи годишно генерално собрание на 8 и 9 мај во Сараево, каде што лидерите на овие шест држави ќе разговараат за развојот на економијата и поврзаноста помеѓу нив.

ЕБОР има интерес од проекти во сферата на енергетиката, особено во областа на обновливите извори на енергија, откако во декември ја објави обновената енергетска стратегија, во која целосно се прекинува финансирањето за централи на јаглен.

Во однос на инфраструктурата банката планира инвестиција од 550 милиони евра во транспортниот коридор „VC“, кој треба да ја поврзе унгарската престолнина Будимпешта со хрватското пристаниште Плоче. Вкупната вредност на патната траса надминува 3 милијарди евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот