ЕБОР го зголемува финансирањето на еколошки проекти во Македонија

ЕБОР ги поттикнува инвестициите во зелена енергија во Северна Македонија со нови 4 милиони евра наменети за Охридска Банка АД Скопје.

Средствата ќе поддржуваат подобрување на енергетската ефикасност на резиденцијалните згради, ќе помогнат во намалување на гасовите кои создаваат ефект на стаклена градина, и ќе го подобрат квалитетот на живеење на сопствениците на домаќинствата.

Финансирањето е од Програмата за поддршка за зелена енергија (ППЗЕ), а средствата ќе бидат понатаму позајмени за поддршка на инвестициите на приватните сопственици на домаќинствата во зелени технологии, материјали и мерки како што се бојлери, прозорци и осветлување. Зградите во земјата имаат итна потреба од реновирање и поставување на изолација, што ќе ги намали трошоците за потрошувачка на енергијата и ќе ја зголеми удобноста.

Охридска Банка АД Скопје е во целосна сопственост на Француската банкарска групација Сосиете Генерал (Société Générale), долгогодишен  партнер на ЕБОР, лидер на пазарот на зелени резиденцијални проекти во Северна Македонија.

Програмата за поддршка за зелена енергија (ППЗЕ) во Северна Македонија е дел од Програмата за поддршка за зелена енергија (ППЗЕ) за Балканот во износ од 85 милиони евра, лансирана во 2017 година. Програмата е заедничка инцијатива на Европската Унија (ЕУ), Федералното Министерство за финансии на Австрија и земјите кориснички на фондовите од Инвестициската Програма за Западен Балкан (ИПЗБ) .Имплементацијата  е под Регионалната програма за енергетска ефикасност за Западен Балкан (РПЕЕ ЗБ плус), финансирана од ЕУ и имплементирана во партнерство со Секретаријатот за енергетска заедница.ППЕЕ ЗБ Плус има донесено политика за поддршка на хармонизацијата на законите за енергетска ефикасност и регулативите за енергетска ефикасносот за зградите, согласно релевантните Европски директиви.

ЕБОР е главниот институционален инвеститор во Северна Македонија. До денес има инвестирано над 1.9 милијарди евра во над 110 проекти во земјата. Поддршката на зелената енергија е приоритет на Банката, бидејќи е еден од најактуелните предизвици со кои се соочува земјата. Главниот град на Северна Македонија, Скопје неодамна се приклучи на иницијативата ЕБОР Зелени Градови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот