Еболата се шири во Конго, досега потврдени 50 смртни случаи

Епидемија на ебола во ДР Конго / Фото: Профимедиа

„Ги предупредувам сите сега кога бројките се мали, во период на ковид-19 многу е важно да не ги изгубиме од вид и другите болести кои се појавуваат“, рече Рајан.

Еболата се шири во Демократската Република Конго, со речиси 50 познати случаи во поширокиот регион покрај границата на Конго и Средноафриканската Република, објави денеска СЗО.

Откако власите прогласија епидемија на 1. јуни потврдени се 48 случаи во конгоанската покраина Екватор, а се сомнева на уште три и вкупно се починати 20 лица, објави експертот од СЗО Мајк Рајан.

„Ова е многу активно жариште и би рекол дека имаме голема причина за загриженсот“, им рече Рајан на новинарите.

Тоа е големо географско подрачје кое вклучува дел од реката Конго и во него луѓето поминуваат голема оддалеченост, а заедниците се многу поврзани.

„Ги предупредувам сите сега кога бројките се мали, во период на ковид-19 многу е важно да не ги изгубиме од вид и другите болести кои се појавуваат“, рече Рајан.

Тој потсети на одвоени жаришта во две покраини во источно Конго каде во јуни беше прогласен крај на епидемијата на ебола. Во тие подрачја беа потврдени 3.463 случаи, а починаа веројатно 2.277 лица за две години.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот