ЕАСА: Состојбата во Украина го зголеми ризикот за авионите и аеродромите

Американски аеродром /Фото EPA EFE/ETIENNE LAURENT

Европската агенција за воздухопловна безбедност (ЕАСА) ги предупреди авиокомпаниите на зголемен ризик поради војната во Украина.

Во соопштението, европскиот регулатор наведува дека цивилните авиони може да бидат нападнати по грешка, а авиокомпаниите би можеле да бидат нападнати од кибер-напади додека Украина е во војна.

„Како што видовме во претходните војни, погрешната идентификација е лесно можна во збунувачки услови на војна”, наведува ЕАСА.
Во 2014 година, патнички авион на „Малезија ерлајнс” се урна над источна Украина, каде и тогаш имаше конфликти, откако беше погоден со проектил од типот Бук, произведен во Русија.

„Ако на тоа ја додадеме веројатноста за напади врз електронски уреди кои помагаат при навигација или идентификација на авиони, лесно е да се види како некој патнички авион може да биде нападнат од проектили или радарски водени оружја”, велат од ЕАСА.

Регулаторот објави и дека постојат потенцијални ризици поврзани со цивилните аеродроми преку кои се водат воени операции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот