ЕАСА дозволи Боинг 737 МАКС повторно да лета

Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Европската агенција за безбедност во воздухопловството (ЕАСА) денеска соопшти дека официјално дала зелено светло за враќање на европското небо на Боинг 737 МАКС, кој беше приземјен 22 месеци по две несреќи.

– После длабинска анализа на ЕАСА, утврдивме дека 737 МАКС е безбеден за летање. Проценката беше спроведена целосно независно од „Боинг” или Федералната администрација за воздухопловство на САД и без никаков економски или политички притисок, се вели во изјавата на извршниот директор на ЕАСА, Патирк Ки.

Европа на тој начин ја укина 22-месечната забрана за летање на авионот, што налути семејства на некои од 346-те лица загинати во падот на овој вид авион, кои

Зеленото светло на ЕАСА е клучен чекор напред во решавањето на скоро двегодишната криза предизвикана од падот на овој многу продаван авион во Индонезија и Етиопија, поврзан со софтверска грешка во пилотската кабина.

САД ја укинаа забраната минатиот ноември, а исто направија и Бразил и Канада. Кина, која за првпат забрани летање по втората несреќа во март 2019 година и на која отпаѓа четвртина од продажбата на МАКС, сè уште не објави како ќе постапи.

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот