Е-збирка „Отковидување“: Со поезија против короната

Здружението за развој на култура и заштита на културното наследство „Контекст – Струмица“ заедно со групата „Scuola di poesia – делегација Македонија“, дел од Светската унија на поети (WUP), во дигиталниот простор ја објави осмата електронска стихозбирка „Отковидување“, зборник поезија што ја обработува темата ковид-19.

– На околу 200 страници, „Отковидување“ претставува збир од автори, кои беа дел од иницијативата #СоПоезијаПротивКорона и на овој начин го пополнуваа недостатокот од емпатија, кој е секогаш носечки проблем кога човештвото е во криза. „Отковидување“ е зборник со стихови што прават поместување, ве фрлаат во безизлезност, во стравот од непознатото, но и преку призмата на смиреноста знаат да вродат со надеж, некои од нив се своевидно семе на бестрашноста, можност да се согледаат нештата од друг агол. Оваа осма е-збирка претставува фантастичен збир на поетски епизоди, контролно тестирање на нашиот поетски пулс – велат од „Контекст – Струмица“.

Во книгата се застапени стотина автори, меѓу кои се Михаил Ренџов, Катица Ќулавкова, Веле Смилевски, Виолета Танчева Златева, Лидија Димковска, Владимир Мартиновски, Драгана Евтимова, Ненад Јолдески, Ерол Туфан, Роман Кисјов, Амир Ор и други. Уредник на „Отковидување“ е Митко Гогов. Тоа е книга со поезија поделена во неколку циклуси, истовремено збогатена со визуелни илустрации од светски уметници, како и со ковид-галерија со уникатни дизајни на Елена Банчотовска.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 64, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 16-17 јануари 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот