Е, затоа ќе го гледате Европското првенство на ТВ!

фото:твитер

Словенците во првиот натпревар во септември славеа со 2:0, а тогаш повеќе од самиот меч се зборуваше за изјавата која ја имаше голманот на Словенија, Јан Облак.

Тој, помеѓу останатото, рече како повеќе се уморил давајќи изјави после натпреварите отколку на самиот терен, а медиумите во Полска не пропуштија на тие зборови да го потсетат селекторот на Полска, Јержи Бжончек.

На конференцијата за медиуми не го штедеше Облак, па ниту Словенија.

– Облак е голман од светска класа, за неговите квалитети не треба да се трошат зборови, но очигледно му недостасува понизност. Можеби тоа е причина зошто ние ќе играме на ЕП, а Словенците ќе го гледаат пред ТВ екраните – рече Бжончек.

Полјаците успеаја да го обезбедат своето трето учество на континенталните собири.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот