Е, сега баш диета?!

Сашо Орданоски. / Фото: Слободен печат

Чувајте здравје идната година, гледајте помалку да се нервирате, направете некоја пара повеќе од оваа, сакајте ги блиските со уште поголема жар и бидете пољубезни со оние знајни и незнајни со кои ќе ви се вкрстат животните патишта! Љубезноста е бесплатна, а многу вреди.

Прво мислев да пишувам подолг текст со анализа за тоа што се случуваше оваа, а што ќе се случува идната година… После, си реков, кого го интересира на 31 декември да чита длабокоумни анализи за изминатата и идната година?!

Јас сигурно такво нешто не би читал! Како да немам попаметна работа! Ако толку ви се чита, земете некоја одамна одложена книга, може и некоја од тие што само ви се меткаат една врз друга по наткасните…

А и со што ќе се занимаваме од после зимскиов одмор, таму, негде, на 13 јануари, кога повторно ќе се вратиме на „дробење“ за старите општествено-политички актери, во нова, уште една предизборна кампања? Мислите ќе биде здодевно? Нема – тие пак ќе се борат „на живот и смрт“ за тоа кој ќе ја освои власта, а ние повторно ќе се кандисуваме да го избереме помалото зло. И нема да биде сеедно.

Затоа, чувајте здравје идната година, гледајте помалку да се нервирате, направете некоја пара повеќе од оваа, сакајте ги блиските со уште поголема жар и бидете пољубезни со оние знајни и незнајни со кои ќе ви се вкрстат животните патишта! Љубезноста е бесплатна, а многу вреди.

И, запомнете, руската салата може да се скисели ако не ја дојадете во наредните два-три дена… Има време за диета! И онака целата мината година ја одлагаме.

Среќна Нова 2020!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот