Е. Пелистер со триумф над Татабања ја започна годината во Лигата на Европа

фото: РК Е. Пелистер

Стартот на натпреварот доцнеше 30. минути бидејќи гостите се појавија во погрешни дресови.

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја остварија втората победа во групната фаза во Лигата на Европа. Пелистерци со 21:19 ја совладаа екипата на Татабања и се искачи на третото место на табелата во групата Д.

Воведните минути донесоа претпазлива игра и на двете екипи, во осмата минута беше 2:2, но потоа битолчани направија серија од 5:0, а со одлична игра во одбраната го оставија унгарскиот тим дури 14 минути без постигнат гол.

Мараш, на два пати Кушан, Мандалиниќ и Ојлевски донесоа предност од 7:2 во 17. минута. Но, потоа се разбрани голманот на Татабања, Бартуш кој имаше шест интервенции и го врати својот тим во игра. До крајот на полувремето, Унгарците направија серија од 3:7 и на одмор заминаа со минимална негатива од 11:10.

фото: РК Еурофарм Пелистер

Вториот дел подобро го отвори гостинскиот тим, кој брзо израмни (12:12) по што се влезе во период во кој се играше гол за гол. Ракометарите на Еуфорам Пелистер победата ја најавија од 48. минута кога за пет минути со два гола на Кушан и еден од Периќ направија серија од 3:0 за 20:17 и стекната предност ја зачуваа до крајот на натпреварот кој заврши со 21:19.
Одлична партија прикажа најновото засилување на Е. Пелистер, египетскиот репрезентативен голман Карим Хендави кој имаше девет одбрани, а во нападот се истакнаа Томислав Кушан со шест гола како и Стипе Мандалиниќ кој даде пет гола. Во тимот на Татабања, Матијаш Ѓер постигна шест гола. Двете екипи утре (17. ч.) повторно ќе играат меѓу себе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот