Е. Пелистер против Татабања ја брка втората победа во Лигата на Европа

Унгарски предизвик за битолчани/Фото: Е. Пелистер

Денеска со почеток од 18.45 часот во салата „Боро Чурлевски“ – Битола составот на Е. Пелистер на домашен терен ќе игра против унгарската Татабања во рамките од четвртото коло во Лигата на Европа.

Во минатото коло играчите на тренерот Жељко Бабиќ триумфираа во Грција над АЕК, а со нови бодови ќе направи важен чекор во обидот да се најде на една од првите четири позиции кои водат во плеј-офот.

Натпреварот ќе го водат руските судии Константин Ершов и Антон Пављуков. Овие судии минатата година во истото натпреварување го водеа дуелот на Е. Пелистер и ГОГ Гудме.

Делегат на ЕХФ ќе биде Синиша Рудиќ од Хрватска. Овој меч ќе се игра со 50% исполнетост од капацитетот на спортската сала „Боро Чурлевски“.

Моментно на табелата во групата „Д“ на делба на првата позиција се Ним, Спортинг и АЕК со по четири бодови, три има Е. Пелистер, два Татабања, а последен е Кадетен со еден.

Останатите два меча од групата Кадетен – Ним и Спортинг – АЕК ќе играат од 20.45 часот.

Бабиќ: Ќе дадеме сè од себе за да победиме

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот