Е. Пелистер против Рајн Некар Левен, Металург во група со Адемар Леон

Македонските претставници во ракометната Лига на Европа ги добија противниците.

Еурофарм Пелистер кој обезбеди директен пласман во групната фаза од Лигата на Европа, доби тешка група во која најзвучно е името на поранешниот германски шампион Рајн Некар Левен.

Битолчани се во групата Д во која носител е унгарскиот тим Татабања, а покрај Рајн Некар Левен се науѓаат уште и редовните учесници во Лигата на шампионините, швајцарскиот Кадетен Шафхаузен и данскиот ГОГ Гудме како и Тримо Требње од Словенија.

Екипата на Металург која преку квалификациите обезбеди пласман во групната фаза исто така добија тешки ривали и екипи кои беа учесници во ЛШ. Покрај Металург во групата А се наоѓаат уште и Адемар Леон, Висла Плоцк, Чеховски Медведи, Тулуз и Фиверс од Австрија.

Стартот на Лигата на Европа е на 20. октомври,а според пропозициите пласман во наредната фаза ќе обезбедат четирите најдобропласирани екипи од секоја група.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот