Е. Пелистер против Кадетен брка прва победа во Лига на Европа

фото: Е. Пелистер

Вториот македонски претставник, Металург му гостува на Адемар Леон.

Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва (18.45 ч.) во спортската сала „Боро Чурлевски” во Битола против Кадетен Шафхаузен ќе се обидат да дојдат до првиот првиот триумф во Лигата на Европа.

Иако станува збор за натпревар од третото коло, Пелистерци досега одиграа само еден натпревар, на гости против ГОГ Гудме кога несреќно загубија со 30:29, додека швајцарскиот тим има минимален триумф над данскиот тим од 29:28.

– Кадетен Шафхаузен се цврста дефанзивна екипа, со силен противнапад. Тоа е нивната главна карактеристика и на тој сегмент ќе посветиме посебно внимание. За успех на вечерашниот натпревар треба да бидеме стрпливи во нашата игра во нападот – вели Жељко Бабиќ, тренерот на Е. Пелистер.

Оптимизам дека вечерва ќе се дојде до првата поведа во Лигата на Европа владее и кај ракометарите кои жалат што натпреварот ќе се игра пред празни трибини.
– Шафхаузен е квалитетна екипа, подолго време играше во Лигата на шампионите, имаат доста репрезентативци на Швајцарија. Сепак, мислам дека ние сме поквалитетна екипа и ќе победиме. Се знае каква атмосфера се прави кога има навивачи во Битола. Тоа ни беше голема помош минатата сезона и многу ќе ни недостигаат нашите фановите. Но, така е за сите екипи, па и за нас и мора да се навикнеме – смета Мартин Велковски, десниот бек на битолчани.

Вториот македонски претставник во Лигата на Европа, Металург вечерва (20.45) му гостува на шпанскиот Адемар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот