Е. Пелистер не го дава врвот, супериорен и против Тиквеш

мандалиниќ еурофарм пелистер
Битолчани во обид да дојдат до нов триумф во Лигата на Европа/Стипе Мандалиниќ („Е. Пелистер“)/Фото: instagram.com/rkeurofarmpelister/

Денеска во рамките од 13 коло во македонската ракометна Суперлига составот на Е. Пелистер славеше на домашен терен против Тиквеш со 25:16 (15:5).

Битолчани не го даваат врвот во шампионатот, се наоѓаат на првото место со 36 бодови, три повеќе од второпласираниот Вардар 1961 кој има меч помалку, а Тиквеш е на петтата позиција со 21 бод.

Десното крило Ненад Костески беше најефикасен за Е. Пелистер во новиот лигашки триумф со осум погодоци.

На спротивната страна петпати во листата на стрелците се запиша левиот бек Стефан Дрогришки.

Вечерва од 19.30 часот се игра уште еден меч, Металург се соочува со Прилеп. В сабота од 18.00 часот Радовиш ќе го пречека Вардар 1916, а Т. Пролет ќе игра со Скопје 2020, додека од 19.00 часот Бутел Скопје се среќава со Е. Пелистер 2, и Охрид за ривал ја има Струга.

Ракомет – Суперлига (13. коло)
Е. Пелистер – Тиквеш 25:16 (15:5)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ – Битола
Гледачи: 500
Судии: Виктор Начевски и Даниело Божиновски

Е. Пелистер:
Секељи, Кизиќ, Мараш 4, Ојлески 2, Маџовски 1, Велковски, Кукуловски 1, Мандалиниќ 1, Танкоски 1, Периќ, Костески 8, Кукоски, Божиќ Павлетиќ, Обрадовиќ 1, Табоада 3, Граџан 3

Тиквеш:
Стојаноски, Велков, Гичев, Трајковски, Лазов, Дрогришки 5, Темелковски 1, Стефановиќ 2, Соколов, Гошевски 1, Кондев, Окардов 1, Коцев 1, Симиќ, Јанчев 2, Трпчевски 3

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот