Е. Пелистер – Мешков Брест ќе се одигра со публика според предвидените протоколи

Е. Пелистер го објави распоредот на натпревари за првите шест кола во Лигата на Европа/Фото: instagram.com/rkeurofarmpelister

Е. Пелистер информира дека натпреварот од СЕХА лигата помеѓу екипите на РК Еурофарм Пелистер и РК Мешков Брест кој ќе се игра сабота (21 август) во Битола ќе се одигра со публика според предвидените протоколи.

Битолскиот клуб како организатор на овој меч ќе ги превземе сите мерки за организацијата за истиот да помине со целосно почитување на протоколите и највисоко ниво на заштита.

За таа цел се разбира ќе биде потребно навивачите и симпатизерите на оваа екипа целосно да се придржуваат на препораките и протоколите.

– На натпреварот ќе може да присуствуваат само лица кои ќе приложат потврда за извршена ЦЕЛОСНА КОВИД-ВАКЦИНАЦИЈА. Билетите за натпреварот по цена од 200 денари ќе може да се купат исклучиво онлајн преку платформата за продажна на билети (https://kartieurofarm.mk/#). Продажбата на билети ќе започне петок 20.8.2021 година во 18.00 часот и страницата ќе биде отворена се до целосно исцрпување на предвидените билети за натпреварот.

Со една трансакција ќе може да се купат максимум три билети. Ве информираме дека доколку купите билет, а немате потврда за целосна ковид-вакцинација билетот НЕМА ДА МОЖЕ ДА СЕ ВРАТИ И РЕФУНДИРА. В сабота 21.8.2021 година секој поединец кој има купено билет за натпреварот ќе мора да изврши промена на испринтаниот билет со билет за влегување на натпреварот – соопштуваат од Е. Пелистер.

При тоа секој индивидуално ќе мора да приложи потврда за целосна ковид-вакцинација. Пултот за промена на билетите ќе биде отворен пред спортската сала „Боро Чурлевски“ во следните термини:

– Од 11:00 до 13:30 часот замена на билети за јужна трибина
– Од 13:30 до 16:00 часот замена на билети за северна трибина

При влез секој ќе мора да го покаже билетот кој и електронски ќе се чита и идентификува. Влезот во спортската сала ќе биде строго ограничен и се замолуваат сите лица кои нема да имааат билет за натпреварот да не се обидуваат да влезат во салата и со тоа непотребно само да создаваат гужви. Столчињата на кои ќе може да се седи во салата ќе бидат јасно означени и се замолуваат сите гледачи цивилизирано да се придржуваат до своите места за седење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот