Е. Пелистер ја повикува македонската фаланга во Швајцарија

Е. Пелистер во Швајцарија ќе го брка првиот триумф во Европската ракометна лига/ фото: РК Еурофарм Пелистер

Ракометниот клуб Е. Пелистер се подготвува за својот втор натпревар оваа сезона во Лига Европа, во вторник во Швајцарија му гостува на Кадетен Шафхаузен.

Овој меч ќе стартува од 18.45 часот, а ќе го судат Германките Маике Мерц и Тања Кутлер.

Тренерот на битолската екипа, Хрватот Жељко Бабиќ вели дека противникот има голема традиција, кој е силен, трча многу и игра цврста одбрана.

Сигурно дека играме против сериозен противник против кого верувам дека ќе победиме. Одиме во Швајцарија со почит, но тоа е меч на кој можеме да победиме.

Немаме многу што да менуваме. Јосип Периќ ќе започне од првата минута. Сè други е горе-долу исто. Мора да одиграме добра одбрана, а ако сакаме победа, мора да бидеме далеку попрецизни во напад – рече Бабиќ.

Воедно клубот ја повикува македонската фаланга во Швајцарија да ја даде поддршката за Е. Пелистер и биде осмиот играч на нашата екипа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот