Е. Пелистер го совлада Бутел, Кастратовиќ дебитираше со победа на клупата на Пролет

фото: Е. Пелистер

Ракометарите на Е. Пелистер ја оправдата фаворитската улога во дуелот со Бутел и славеа со 26:29. Домашниот тим му даде силен отпор на фаворитот но немаше сили за изнедување, битолчани го контролираа натпреварот и на крајот дојдоа до осмиот триумф и останаа на три бода зад лидерот Вардар.
Победа оствари и екипата на Пролет кој го совлада вториот тим на Е. Пелистер и тоа со 27:25. На клупата на Пролет со победа дебитираше Зоран Кастратовиќ.
Претходно Вардар без поголеми проблеми дојде до лесен триумф над Охрид од 37:29.
Лидер на табелата по девет кола е Вардар со максимални 27 бодови, Е. Пелистер има три помалку, додека Пролет е третопласиран со 15 бода, а Металург и Бутел имаат по 11, Охрид има девет, додека на последните две позиции се наоѓаат Струга и Е. Пелистер 2.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот