Е. Пелистер го претстави египетскиот репрезентативен голман Хандави  

фото: РК Е. Пелистер

Четири дена откако пристигна во Битола, египетскиот голман Карим Хандави официјално беше претставен како нов голман на Еурофарм Пелистер.

Хандави веќе одржа неколку тренинзи со групата на повредени ракометари, со кои работи Божидар Мојсов, а вечерва првпат заеднички ќе тренира со новите соиграчи, кои доцна синоќа се вратија од Загреб. Со Хендави, како и со останатите голмани, ќе работи тренерот на голманите Ице Соколески. Хандави во Еурофарм Пелистер ќе го носи дресот со број 88.

Многу ми е мило што потпишав за Еурофарм Пелистер. Ова е значаен чекор за мене. Доаѓам во клуб со многу добри играчи, добар тренер, многу добар тим. Екипата е на одлично ниво и се надевам дека ќе помогнам. Ги познавам сите ракометари на Еурофарм Пелистер и знам дека македонската репрезентација е многу добра. Играв против Македонија уште во 2013 година во два пријателски натпревари. Ја знам историјата на репрезентацијата, имате добри пласмани на Европските шампионати. Ракометот во Македонија е популарен, многу луѓе сакаат ракомет и се надевам дека ќе уживам тука.
Ќе биде тешко и интересно против Татабања. Ни требаат добри два натпревари да напредуваме на табелата и ќе се бориме за тоа да го оствариме – изјави Хандави на промоцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот