Е. Пелистер ги започна подготовките за вториот дел од сезоната

Првиот дел од подготовките ракометарите на Е. Пелистер ќе ги одработат во Битола/ фото: РК Еурофарм Пелистер

Екипата на Еурофарм Пелистер денеска ги започна подготовките за вториот дел на сезоната. Тренерот Жељко Бабиќ во салата „Боро Чурлевски“ го одржа првиот тренинг на кој присуствуваа ракометарите кои не се дел од Европското првенство.

Тренерот Бабиќ не може да смета на ракометарите кои ќе настапат на ЕП/ фото: РК Еурофарм Пелистер

На Европското првенство ќе играат Кизиќ, Ојлески, Маџовски, Велковски, Костески, Радовиќ, Периќ, Секељи. Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2, Павле Атанасијевиќ, Емилијан Ѓорговски, Иван Димитровски, Филип Арсеновски и Никола Стоилевски во првиот дел на подготовките ќе тренираат со екипата на Еурофарм Пелистер.

Битолчани ќе се подготвуваат во Битола до 23 јануари, а потоа ќе заминат во Хрватска на зимска мини-турнеја каде ќе одиграат три натпревари против Целје Пивоварна Лашко (24 јануари), Сесвете (26 јануари) и против ППД Загреб (28 јануари).

– Како и секогаш имате позитивни и негативни работи кога почнуваат зимските подготовки. Среќен сум што нашите играчи играат за своите репрезентации и длабоко сум уверен дека добро ќе се презентираат. Од друга страна како тренер би сакал да сме сите заедно и да можеме да тренираме, бидејќи ни следи напорна втора полусезона, во која треба да ги браниме добрите резултати од есенскиот дел. Ќе мора да ги забрзаме процесите да бидеме спремни за почетокот на февруари и официјалните натпревари.  Ќе се подготвуваме во Битола оваа и следната недела. На 23 јануари патуваме во Загреб, имаме три контролни натпревари против добри екипи како Целје, Сесвете и ППД Загреб. Ќе видиме кои од играчите ќе ни се приклучат од Европското првенство и каква ќе биде ситуацијата со корона-вирусот. Во меѓувреме ќе почне и домашното првенство со домашниот дуел против Охрид. Битно ни е да ни се вратат играчите здрави и ако е воопшто возможно, ковид-19 да нè  заобиколи – вели тренерот Бабиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот