Е. Пелистер ги промовира новите дресови и ги започна подготовките (ВИДЕО)

фото: РК Еурофам Пелистер

Екипата на Е. Пелистер денеска ги започна подготовките за новата сезона во која ја очекуваат настапи во домашните натпреварувања, во Лигата на Европа и во СЕХА Лигата.

Тренерот ЖељкоБабиќ во новата сезона ќе има видоизменет тим на располагање, ги нема Митревски, Јотиќ, Остроушко, Шевелев, Петровски, Кузманоски, а нови имиња се Мандалиниќ, Кушан, Мараш, Периќ, Костески, Кукуловски и Танкоски.

фото: РК Еурофам Пелистер

Битолчани в понеделник заминуваат на подготовки во Маврово, каде ќе поминат две недели. Потоа преку турнирски натпревари Жељко Бабиќ че ја бара формата на тимот. Предвидено е Еурофарм Пелистер да игра на турнирите во Струга и Атина.

Оваа сезона Еурофарм Пелистер ќе настапува во Лига Европа, а своите противници во групната фаза ќе ги дознае на 28 август.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот