Е. Пелистер денеска ја започнува сезоната во СЕХА лигата

фото: RN Löwen

Ракометарите на Еурофарм Пелистер денеска ќе го одиграат првиот меч во новата сезона во СЕХА лигата.

Во салата „Боро Чуревски“ во Битола од 17.45 часот, ракометарите на Е. Пелистер ќе играат против Металопластика.
Покрај битолчани и Металопластика, во групата се наоѓаат уште и екипите на ППД Загреб и Татран Прешов.

Битолчани се големи фаворити на стартот од регионалното ракометно натпреварување, а тренерот Жељко Бабиќ очекува добар меч и освојување на првите бодови во регионалната конкуренција.

– Најважно е што конечно почнува СЕХА лигата. Толку ни беа потребни натпревари, посебно за нашите млади ракометари. Ни требаат да имаме натпреварувачки ритам за Европската лига. Сакав да игравме порано, да одигравме повеќе натпревари, но лично се радувам на стартот и очекувам добар натпревар и победа.
Сакам да споменам дека ни доаѓа поранешниот селектор Вуковиќ, сега тренер на Металопластика. Од него учев, заради него и неговата генерација го засакав ракометот. Големо задоволство ми е што ќе го видам и ќе го поздравам. Металопластика има одличен контра напад, две брзи крила, агресивна одбрана 3-2-1 која се трансформира во 6-0. Имаат дефанзивен интензитет и транзиција. Се работи за потентен тим кој сигурно бара одличен пристап и ментален и физички ангажман при секој удар. Имавме одличен настап против Тримо Требње. Играчите се фокусирани и ангажирани и верувам дека и покрај квалитетите на екипата од Шабац, ќе ја повториме партијата од пред две недели – смета Бабиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот