Е. Пелистер брка реванш за несреќниот пораз од дуелот во Данска

фото: Е. Пелистер

Екипата на Еурофарм Пелистер вечерва (20.45 ч.) ги продолжува настапите во Лигата на Европа и тоа против противник кој им е голем должник од првиот дел од сезоната, ГОГ Гудме.
Пелистерци на првиот натпревар кој се играше во Данска имаа речиси добиен натпревар, на пет минути до крајот имаа предност од два гола (27:29), но на крајот загубија со 30:27 со гол во последната минута.

Во обидот да се реваншираат за поразот од првиот натпревар, битолчани ќе бидат без повредените Велковски, Мандалиниќ, Кушан и Маџовски, но со позитивна атмосфера по двете победи над Татабања.

– Плативме висока цена, но на тоа не можевме да влијаеме, повредите се составен тел од спортот и можеме само да се надеваме дека ќе се вратат здрави во тимот и ќе придонесат за тимот. Победите над Татабања се за Кушан и искрено му посакувам да заздрави. ГОГ Гудме во својот ростер има четири светски прваци и тоа говори за нивната снага како тим. Сакам да нагласам дека нашите играчи кои помалку играат ќе добијат шанса да ми покажат и мене, и себе и на цела Македонија колку вредат. Мора да веруваме дека можеме да го победиме ГОГ Гудме. Основни фактори за успех на утрешниот натпревар се фанатична волја и фанатична верба во себе и во тимот. Ако ги имаме тие две работи имаме шанси во позитивен исход. Во спротивно, ако немаме волја, желба и борбеност, јасно е дека нашите шанси се многу помали. Направивме големи чекори кон осминафиналето, натпреварот доаѓа во вистински момент и се радувам на него и покрај проблемите во тимот. Мора да бидеме фанатици, на чело со мене, и да веруваме во победа – смета тренерот Жељко Бабиќ.

Екипата на Еурофарм Пелистер се наоѓа на третото место на табелата во групата Д со седум бода од седум натпревари, додека данскиот ГОГ Гудме е на второто место со бод повеќе, но со евентуален триумф, битолчани речиси сигурно би обезбедиле пласман во наредната рунда во Лигата на Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот