Е. Пелистер ангажира ракометен џин од Хрватска

Како и минатата сезона, така и во следната, во ростерот на Еурофарм Пелистер ќе игра хрватски ракометар.

Од денес нов член на македонскиот суперлигаш е Матео Мараш, младински репрезентативец на Хрватска и голема надеж на ракометните селекции во својата земја. Десниот бек потпиша договор на една сезона.

Станува збор за 20-годишен хрватски младински репрезентативец Матео Мараш, висок е 202 сантиметри, тежок 101 килограм, а во Битола доаѓа од екипата Балиќ-Метличиќ од Сплит. Мараш настапи на последното Светско првенство за кадети во Скопје, а паралелно игра во младинските конкуренции во Хрватска, како и во Првата лига.

Танковски и Периќ заедно со младиот хрватски ракометар се новите имиња кај пелистерци. Од тимот си заминаа Митревски, Остроушко, Шевелев и Јотиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот