Е, ова е газда: Погледнете што ќе направи Ед Ширан за своите вработени за време на пандемијата!

Англискиот музичар Ед Ширан (29) на неговите вработени во својот ресторан ќе им исплаќа цела плата додека трае пандемијата на коронавирусот, а исто така им апелирал да најдат уште еден работа или пак да волонтираат за време на кризното време.

Музичарот кој е „тежок“ блиску 200 милиони фунти ќе покрие цели плати на своите десетина вработени во неговиот „ Bertie Blossoms“ во Лондон.

Ширан на своите вработени им кажал дека никој нема да биде скратен од плата и кажал дека би бил среќен кога за време на кризата би волонтирале.

– Ед на сите им кажа да не се грижат, дека тој ќе им ги покрие сметките и дека ќе ги виде сите откако ова сра*е ќе помине и светот ќе се врати во нормала – рекол извор близок на Ширан.

– Менаџерите цело време ќе го проверуваат ресторанот и ќе се трудат се да биде безбедно и сигурно за време на кризата – додал изворот.

– Ед на вработените им кажа дека можат ако сакаат да побараат и некоја друга работа за време на кризата или да помогнат на својата нација со тоа што ќе волонтираат – додал изворот.

– Ресторанот на Ширан е отворен во ноември 2019 година и стана многу популарен помеѓу славните личности во Лондон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот