Е-настан „Соларна енергија во Скопје – предизвици и можности”

Порта Македонија, позната и како „Триумфална капија“
Порта Македонија, позната и како „Триумфална капија“ / Фото: EPA/GEORGI LICOVSKI

Осознавање на можностите за подобро искористување на сончевата енергија и предизвиците за нивно остварување во Скопје, град со 190 до 280 сончеви денови годишно, има за цел е-настанот „Соларна енергија во Скопје – предизвици и можности”, во организација на лабораторијата за социјални иновации – СмартАп.

За сончевиот потенцијал на Скопје на панел-дискусијата, како што најавуваат организаторите, ќе се вклучат експерти од различни сектори како јавниот, приватниот сектор и академијата, меѓу кои Александар Дединец од МАНУ.

Настанот се организира во соработка со Град Скопје, во склоп на иницијативата Градови од Иднината на Југоисточна Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот