„Ѕвездичката на Пинк“ даде отказ во сендвичарницата, каде работеше за да преживее

Фото: Принтскрин/Јутјуб/Инстаграм

Марко Бошњак (19), кој минатата година за малку ќе ја претставуваше Хрватска на Евровизија со песната „Моли за нас“, дал отказ во ресторанот за брза храна каде, како што тврдел, работел за да преживее и да си ги плати сметките.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marko Bosnjak (@markobosnjaak)


„Престанувам да работам во локалот за брза храна. Решив дека повеќе нема да работам таму бидејќи сфатив дека ми требаат некои други можности да се отворам и дека треба целото мое време да го посветам на музиката бидејќи само така може да се роди нешто од сето тоа“, рекол неодамна за хрватски „Стори“.

На хрватскиот фестивал за избор за претставник на Евровизија, „Дора“, Марко лани заврши на второ место.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marko Bosnjak (@markobosnjaak)


„Сега сум сам против светот, ќе видиме како ќе биде, но мислам дека е правилна одлука и дека работев таму и дека повеќе не работам. И инаку ги правам работите онака како што ги чувствувам во моментот и донесувам одлуки како што ми доаѓаат и тоа е единствено важно“, рекол Марко и додал дека ќе снима и албум.

„Дефинитивно сакам да го издадам албумот до крајот на оваа година и ќе влезам во студио за две-три недели. Ќе се затворам таму летово и ќе работам посветено. За мене е важно да имам авторско влијание на сите работи“, изјавил младиот музичар.

Инаку, Марко во 2016 година настапуваше и во српското музичко шоу „Ѕвездичките на Пинк“ каде на само 11 години ја воодушеви публиката и го расплака жирито со своите емотивни настапи. Тој дури и победи во втората сезона на „Ѕвездичките на Пинк“, сезона 2015/2016.

ВИДЕО | Се сеќавате на момчето од Хрватска што го воодушеви Балканот? Денес е фаворит во трката за претставник на Евровизија

„Ѕвездичката на Пинк“ порасна: Работам во сендвичарница за да преживеам

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот