Ѕвездата на Тик-ток почина на 25 години: Тажната вест ја објави нејзиниот сопруг
Ѕвездата на Тик-ток Тејлор Русо Григ почина на 25 години, објави нејзиниот сопруг Камерон Григ.
Во емотивната објава, која Камерон ја споделил вчера, рекол дека смртта на Тејлор била „ненадејна и неочекувана“ и дека таа избрала, додека била жива, да биде донор на органи, пренесе „Пипл“.
Не се соопштени никакви други детали околу нејзината смрт.
TikTok Star Taylor Rousseau Grigg Dies at Age 25, Her Husband Announces https://t.co/Z0NDFMCVb5
— People (@people) October 6, 2024
„Никој никогаш не очекува дека ќе мора да се справи со ваква болка, особено на наши години“, напишал Камерон покрај заедничката фотографија.„Минатата година, Тејлор се соочи со повеќе болка и страдање отколку повеќето луѓе во текот на животот.“
Камерон продолжи да ја опишува Тејлор како „најхрабрата и најсилната жена што ја познавам“, додавајќи дека нејзината вера и помогнала во „сите околности со кои се соочила, дури и во најмрачните часови“.
„Знам дека таа ми го спаси животот и на многу други таму“, продолжил тој, велејќи дека „нејзиното земно тело е сè уште тука со нас и дека сега е управувано од машини за да ги направат нејзините органи одржливи за донација“.
„Повеќе од сè, Тејлор би сакала да знае дека продолжува да ги спасува животите на луѓето дури и откако ќе замине од овој свет. И иако нејзиното земно тело можеби ја изневерило, нејзиното сеќавање и живот ќе живеат засекогаш“, напишал Камерон.
Тој додал и дека Тејлор „никому ништо не должи“, но дека „би сакала сите да знаат дека таа е повеќе од добро“ и дека „повеќе ништо не ја боли“.
Тејлор минатиот месец го прослави 25-тиот роденден. Во видеото објавено на нејзиниот профил на Тик-ток на 9 септември, насловено „Поминете го мојот роденден со мене“, Тејлор се снимила како излегува на роденденски ручек со својот сопруг.
„Тејлор влегуваше и излегуваше од болница откако се венчавме, што се одрази на нашата финансиска состојба, поради што немаме никакво осигурување“, напишал тој.