ДЗСИ истражувал можни грешки во лекување на ковид-пациенти, епилогот не се знае

Ковид-амбуланта / Фото: МИА

Државниот здравствен и санитарен инспекторат од почетокот на пандемијата добил 28 преставки во кои граѓани се сомневаат во начинот на лекување на ковид позитивните пациенти. За сите веднаш е постапено и инспекторите направиле вонредни надзори, но нема никакви информации за епилогот од контролите, објави Телма.

Во меѓувреме, од последиците на коронавирусот сѐ почесто починуваат млади луѓе, а дел од родителите сами започнуваат истраги за околностите во кои починале нивните блиски, пишува Телма.

Од инспекторатот велат дека за сите претставки до Министерството за здравство иницирале и стручни надзори, но и дека нивните ингеренции завршуваат тука. Од Министерството за здравство, пак, велат дека Лекарската комора го врши стручниот надзор и дека во постапка се неколку случаи. Од Лекарската комора не одговараат, а во Обвинителството велат дека тие не можат да кажат дали има кривични пријави за лекување од ковид 19, оти евиденцијата не се води на тој начин.

Јавното обвинителство води електронска евиденција на предметите според лични податоци на пријавено лице. Од тие причини не сме во можност електронски да ги издвоиме предметите кои би се однесувале на евентуални кривични пријави поврзани со лекување од Ковид 19, за таква статистика би било потребно да се изврши директен увид во секој предмет поединечно, велат од ЈО за Телма.

Младите сѐ почесто се жртви на коронавирусот, а тоа е особено евидентно во актуелниот бран на епидемијата. Во септември, починале 34 пациенти на возраст од 40 – 49 години, 12 пациенти на возраст од 30 до 39 години, петмина биле на возраст од 20 до 29 години, еден пациент на 18 години и едно двегодишно дете.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот