ДЗС: Тврдењата за бојкот на пописот се измислени и целосно неточни

Попис 2021 / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Граѓаните масовно се попишуваат, а бројките за наводни одбивања за попишување се измислени, целосно неточни и немаат никаков допир со реалноста, велат од Државниот завод за статистика (ДЗС) на прашање на МИА во врска со тврдењата дека има бојкот на пописот.

– Дури и кај изолираните случаи на граѓани кои во прв момент не се попишале, подоцна при последователните контакти ја оствариле својата обврска и дале свој придонес и учество во пописот, посочуваат од Заводот.

Од ДЗС посочуваат дека казни не се пишуваат, бидејќи за тоа нема потреба.

– Попишувачите и граѓаните на терен соработуваат одлично, додаваат од Заводот во одговорот за МИА.

Според податоците на ДЗС до вчера до 20 часот вкупно биле попишани 1 037 309 лица, 323 286 домаќинства и 438 705 станови, а можноста за самопопишување во странство досега ја искористиле 193 370 лица.

Пописот на населението, домаќинствата и становите во земјава, кој официјално започна на 5 септември ќе трае до 30 септември.

Извор: МИА

Заев: Верувам дека пописот ќе биде успешен

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот