ДЗС: Продажните цени на индустриските производи на годишно ниво се зголемени за 21,4 отсто

Според податоците на Државниот завод за статистика, во април 2022 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки за 0,3 отсто на месечно и за 21,4 отсто на годишно ниво.

Во април во споредба со март, продажните цени на производителите на индустриски производи се повисоки во групите капитални производи за 0,5 отсто, интермедијарните производи, освен енергија за 5,8 отсто, нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,6 отсто и трајни производи за широка потрошувачка за 0,8 отсто.

Во април годинава, пак, во однос на април лани, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите енергија за 26,9 отсто, интермедијарни производи, освен енергија за 29,4 отсто, капитални производи за 74,6 отсто, трајни производи за широка потрошувачка за 6,8 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за 12,6 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот