ДЗС: Досега попишани 130 009 наши државјани

Попис. / Фото: Слободен печат

Државниот завод за статистика соопшти дека заклучно до денеска до 8 часот, вкупниот број на самопопишани државјани на Република Северна Македонија изнесува 130 009.

Во изминатите 24 часа, според ДЗС, се попишале нови 8 429 наши државјани.

– Интересот на нашите државјани во странство за искористување на можноста да ги дадат своите податоци во процесот на попишување на дијаспората секојдневно расте. Оваа активност има извонредно значење и за Република Северна Македонија и за целата дијаспора – после многу години и секакви шпекулации со бројките на иселени државјани, конечно да имаме јасна слика каде се и колку се нашите иселеници за да може да се креираат и насочат соодветни политики за нивна поддршка и овозможување услуги кои им се потребни од својата татковина, се наведува во соопштението од ДЗС.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот