ДЗР го објави ревизорскиот извештај на Врховниот суд

Фото: МИА

Државниот завод за ревизија го објави конечниот ревизорски извештај на Врховниот суд на Република Северна Македонија.

Предмет на ревизија, како што соопшти ДЗР, било ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеност, а целта на ревизијата била дали финансискиот извештај е ослободен од материјално погрешни прикажувања и дали активностите, финансиските трансакции и информациите во истите се во согласност со законската регулатива.

Во однос на клучните утврдени состојби од спроведената ревизија, од ДЗР посочуваат дека не е донесен нов Деловник за работа и програма за работа на Врховниот суд; не е формирано работно тело за управување со движењето со предметите во судот; не е донесен правилник за начинот на функционирање на информатичкиот систем АКМИС; како и потреба од вработување на припадници на судска полиција.

– Изразивме мислење без резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и мислење со резерва за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставени политики, стои во извештајот.

Како клучни препораки ги наведуваат: Донесување на нов Деловник за работа и годишна програма за работа на Врховниот суд; Формирање на работно тело за управување со движењето со предметите во судот и донесување на правилник за начинот на функционирање на информатијчкиот систем АКМИС за сите судови и обезбедување на потребниот број на припаднци на судска кполција

– Да се преиспита законската одредба во делот на финансирањето на изборната кампања со средства од редовната сметка, допрецизирање во делот на финансирање на изборниот процес од донации од политичка партија, во однос на поединечните и вкупните лимити на средства, измена и дополна на подзаконските акти со кои се уредува начинот на водење на сметководството на непрофитните организации и регулирање на начинот на плаќање, уплата и евидентирање на членарината како извор на финансирање, се наведува во извештајот како клучна системска слабост.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот