Џулија Робертс откри зошто одбивала проекти: Дали навистина поминаа 20 години?

џулија робертс
Џулија Робертс / Фото: EPA-EFE

Звучи неверојатно, но Џулија Робертс пред 20 години ја сними својата последна романтична комедија, жанр со кој инаку се прослави и се вивна високо во светот на славните. Холивудската убавица откри што е она што ја натерало да се повлече од филмскиот сет и црвените килими.

Многумина ја паметат по најпознатите романтични комедии во Холивуд како „Pretty Woman“, „Nothing Hill“, „My Best Friend’s Wedding“ и „Runaway Bride“. Ова се филмовите кои на Џулија Робертс ѝ обезбедија блескава кариера во Холивуд и поради кои стана најбараната актерка во светот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Julia Roberts (@juliaroberts)

Меѓутоа, извесно време славната Американка се повлече и како што вели целосно му се посветила на семејството. Сега, Џулија Робертс искрено прозборе зошто се решила на ваков чекор.

„Дали навистина поминаа 20 години? Па видете, да мислев дека е нешто што вреди да се снима, ќе го направев. Освен тоа, имам три деца кои ги одгледувам, создавав дом. Ова уште повеќе ја подигнува границата на критериумите за избор за снимање филмови. Покрај тоа што се прашувате дали материјалот што ви го испраќаат е доволно добар, постои и усогласување на распоредот со работата на сопругот, училишниот распоред, празниците, летните одмори. Времето лета“, изјави 54-годишната актерка за „Њујорк Тајмс“.

Да потсетиме, Џулија пред 20 години се омажи за камерманот Даниел Модера со кого има три деца, 17-годишните близнаци Финеус и Хејзел и 14-годишниот син Хенри.

„Луѓето понекогаш погрешно толкуваат колку време поминало од кога не сум снимала романтична комедија и мислат дека тоа е затоа што не сакам да го правам тоа. Да прочитав нешто на нивото на „Nothing Hill“ или нивото на луда забава како „My Best Friend’s Wedding“, ќе го направев тоа“, објасни таа.

Но, сега изгледа e повеќе од подготвена да ѝ се врати на својата голема љубов. Џулија Робертс прифатила улога во новата романтична комедија „Ticket to Paradise“ во која глуми со Џорџ Клуни. Тие ќе глумат поранешни сопружници кои заедно одат на Бали за да ја спречат нивната ќерка да ја направи истата грешка што ја направиле тие пред 25 години. Филмот се очекува да ја излезе во октомври оваа година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by British Vogue (@britishvogue)

Покрај тоа, Робертс ја сними серијата „Gaslit“, во која ја игра Марта Мичел, сопругата на американскиот претседател Ричард Никсон за време на аферата „Watergate“. Премиерата на серијата е предвидена за крајот на април.

Џулија Робертс денес не ја крие гордоста што изградила прекрасен дом, одгледала три деца и има стабилен брак. Сега кога близнаците се упатуваат на факултет, убавата актерка може повторно да ѝ се посвети на кариерата.

„Во наредниот период планирам да им покажам на децата дека сè уште сум креативна, да им покажам колку ми значи мојата кариера. Извесен период ќе бидам фокусирана на работата, а семејството ќе биде на второ место и тешко се помирив со тоа“, заклучи актерката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот