Џош Нибо е новиот соиграч на Нено Димитријевиќ во Олимпија Милано

фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Словенечкиот кошаркарски репрезентативец Џош Нибо потпиша двегодишен договор со Олимпија, соопшти денеска клубот од Милано.

Нибо (26) игра на центарската позиција, последните две сезони настапуваше за Макаби, а пред клубот од Тел Авив настапуваше за Жалгирис и Хапоел Елиат.

Нибо неодамна доби словенечки пасош, а за оваа селекција ќе настапи во квалификациите за Олимписките игри во Париз.

– Возбуден сум што кариерата ќе ја продолжам во Милано. Се надевам дека ќе можам да му помогнам на тимот да постигне многу победи. Со нетрпение ја очекувам следната сезона – изјави Нибо, пренесе официјалниот сајт на клубот.

Минатата сезона во Евролигата имаше просек од 11,2 поени и 7,1 скока по натпревар.

Потсетување дека во изминатиот период италијанскиот клуб како ново засилување го промовираше македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот