Трамп и Мелони се сретнаа во Палм Бич/Фото: Chigi Palace Press Office/ Filip / Zuma Press / Profimedia

Џорџа Мелони е единствената европска лидерка што ќе ја следи во живо инаугурацијата на Трамп

Џорџа Мелони е единствената европска премиерка, која денеска во живо во Вашингтон, ќе ја следи церемонијата на инаугурација на новиот американски претседател. Таа отпатува во САД со тројца пратеници од нејзината партија, но без ниту еден друг член од нејзиниот кабинет.

Ова е потег што ја нагласува блиската врска на шефот на владата на Рим со Доналд Трамп, како и со милијардерот, а сега политичар Илон Маск.

Можно е дури и пред да се врати во Рим да најде можност со Маск да разговара за целиот случај на можната соработка на Италија со неговата компанија Старлинк, која е активна на полето на сателитски телекомуникации.

Шармот на Маск

Како што е познато, станува збор за петгодишен предлог за соработка со италијанската држава, со вкупна вредност од 1,5 милијарди евра. Опозициските партии во Рим го изразија своето противење и побараа да бидат детално информирани од владините претставници. Сепак, сè укажува дека на крајот ќе се потпише конкретниот договор. Ако ништо друго бидејќи, како што Мелони постојано тврдеше, „во Европа немаме слична технологија“.

А во однос на Европа, италијанските медиуми нагласуваат дека додека Италија денес е претставена во Капитол на највисоко ниво, претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен, не добила ниту покана да присуствува.

Според италијанските коментатори, од кругови во Брисел е објавено дека ваквиот став на лидерот на „Браќата на Италија“ и премиерот на земјата не се смета за најсоодветен, бидејќи го поткопува во ваква критична фаза обидот да се одржи унифициран став на најголемите земји-членки на Унијата.

Но, Џорџа Мелони избра да го нагласи својот близок личен и политички однос со новиот ултра-конзервативен окупатор на Белата куќа. Барајќи, како што се покажува, нејзината земја да ја претвори во најблизок соговорник на САД, што се однесува до целиот Стар континент. Уште поблиску од Велика Британија, со која, според традицијата, секој нов американски претседател го остварува првиот контакт на меѓународно ниво по преземањето на функцијата.

Како што сè покажува, и Мелони и Трамп се обидуваат да добијат значителна политичка корист од оваа директна врска. Првата е да зајакнат внатрешно и значително да ги ослабнат нејзините владини партнери, почнувајќи од Лигата. Нејзиниот лидер Матео Салвини до пред неколку месеци беше италијанскиот политичар кој одржуваше најблиски контакти со Трамп и длабоко конзервативното крило на републиканците. Сега, работите се сменија.

Долгото патување вредеше

А Трамп потврдува дека не е заинтересиран за еднаков дијалог со ЕУ како целина, туку за индивидуалните односи, кои покажуваат дека можат да бидат уште поплодни, бидејќи владите на неговите соговорници посилно се идентификуваат со идеолошка неговата стигма.

Не случајно италијанскиот премиер веќе отиде, пред две недели, на Флорида, на приватна средба со новоизбраниот претседател во неговата летна резиденција во Мар-а-Лаго. Трамп ја пофали Мелони, подвлекувајќи дека „таа е одлична жена“, но меѓу нејзините позитивни карактеристики го вбројува и фактот што „патувала толку многу часови за да го запознае“ и како „му покажала голема почит“.

Опозицијата од левиот центар во Рим бара да не се усвојува едностран однос со Вашингтон, бидејќи, како што тврди, ниту една земја од ЕУ не е способна да постигне значајни и корисни договори со новата администрација на Трамп. Сепак, Џорџа Мелони, со својот став, очигледно се надева дека ќе ја зајакне улогата на Италија во рамките на Европската унија, благодарение на „пријателскиот и непротоколарен дијалог“ со бизнисменот и новиот претседател на САД.

Но, тоа е облог кој се карактеризира со висок процент на ризик. Затоа што Италија можеби е – барем во оваа фаза – политички најстабилната голема земја во ЕУ. Сепак, нејзиниот јавен долг продолжува да биде на алармантно високо ниво (137% од БДП) и очигледната промена на курсот, со секое преиспитување на неопходната соработка на сите земји-членки со Брисел, може да доведе до непредвиден опасни патеки.

„Лупа.бг“: Мицкоски во Вашингтон оди во приватна посета – не го поканил Трамп, туку ПР-агенција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот