Џорџ Клуни не влегува во политика: Сакам да имам убав живот

џорџ клуни
Фото: Џорџ Клуни / Извор: EPA-EFE/VICKIE FLORES

Џорџ Клуни има доста зборови за политиката на САД, но тврди дека политиката нема да стане дел од неговата иднина.

Во надеж дека Америка ќе ја надмине и брзо ќе премине преку политиката која Доналд Трамп ја водеше во својот период како претседател, Џорџ Клуни се огласи со својот став за поранешниот претседател.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by You Should Know (@ysk.digital)

„Тој ќе има влијание некое време. Многу е смешно затоа што, знаете, тој беше само смотан. Се познавав со него уште пред да стане претседател. Тој беше само човек кој бркаше девојки. Секој пат кога ќе излезеш, тој ќе дојде и ќе рече „Како се вика онаа девојка?“. Тој беше само тоа“, изјави отворено Клуни.

Откако ја напушти позицијата, Трамп остана во светлото на јавноста и се обидува да го одржи влијанието врз националната политика. Тој сè уште ја одржува подршката од многу гласачи и политичари кои упорно стојат зад него како водач на партијата.

Во желба повторно да се кандидира во 2024 година, Клуни очекува дека Трамп „ќе продолжи да го игра ова уште некое време, и ќе видиме каде ќе се движиме со ова како држава“.

„Но, се надевам дека ќе имаме малку повеќе чувство отколку да го сместиме Трамп повторно во Белата Куќа“, додава Клуни.

Клуни, кој е познат Демократ, го подржува Џо Бајден во неговото водење на државата, оправдувајќи го дека има многу нешта кои треба да ги поправи после Трамп. Актерот вели дека има многу работи кои треба да се излекуваат, и ќе биде потребно доста време.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by My favorite (@myfavoriteactor_)

Но и покрај содржајните политички изјави, Клуни негира дека ќе го напушти Холивуд за да започне политичка кариера. Актерот кој оваа година наполни 60 години разговарал со својата сопруга Амал Клуни за иднината на нивниот заеднички живот.

„Нема да влегувам во политика, бидејќи јас всушност би сакал да имам убав живот. Имам 60 години и се уште можам да играм кошарка и да ги правам работите кои ги сакам. Но за 20 години, ќе имам 80… Мора да се осигураме дека ќе ги изживееме овие години на најдобар можен начин“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eugenia Garavani (@eugeniagaravani)

Џорџ и Амал Клуни последно се појавија на премиерата на најновиот филм на Клуни „The Tender Bar“ на Лондонскиот Филмски Фестивал, на кој тој е во улога на режисер. Амал го засени црвениот килим појавувајќи се во бел корсетен коктел фустан целосно украсен со детали од „16Аrlington“ со стил на стар холивудски гламур.

Амал, за своето повторно појавување на црвениот килим по две години, го спари долгиот фустан со бели сатенски салон потпетици и дијамантски висечки обетки.

Видео на денот