Џорџ Клуни и неговото семејство биле сведоци на страшните поплави во Италија: Беше многу полошо отколку што можете да замислите

џорџ и амал клуни
Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Американскиот актер Џорџ Клуни се најде со своето семејство во катастрофалните поплави и лизгање на земјиштето што ја зафатија северна Италија во вторникот, а храбриот актер им помогна на локалните жители да ја решат катаклизмичната ситуација што е можно поскоро.

Имено, познато е дека 60-годишниот Клуни летувал на езерото Комо, каде ја поседува вилата „Oleandri“ од 18 век.

„Беше многу полошо отколку што можете да замислите. Мислам дека би можеле да поминат години и ќе се потрошат милиони пред се повторно да се обнови“, изјави Клуни за италијанските медиуми, воедно понуди помош на градоначалникот на местот Лајло.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tg1 Rai (@tg1_rai_official)

Клуни бил виден во средата како им помага на жителите на Лајло (ит. Laglio) да ги исчистат урнатините од куќите, локалите и улицата.

„Овој град отсекогаш бил тука, ќе продолжи да биде тука, уште посилен и ќе се врати во уште подобро светло. Ова е многу издржлив град“, истакна актерот.

Клуни ја купил својата вила во 2002 година за околу 14 милиони долари. Вилата има 25 соби, кино на отворено и базен, пренесува „The Sun“.

Водата донела дрвја и камења од блиската планина во близина на вилата на Клуни, но актерот, неговата сопруга Амал и нивните деца имале голема среќа и поминале неповредени, а ниту нивниот имот не бил премногу оштетен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tg1 Rai (@tg1_rai_official)

Повеќе од 60 луѓе биле спасени откако Лајло и другите градови околу езерото Комо биле поплавени кога екстремните временски услови ја погодија земјата.

Четири куќи беа уништени, а на тие семејства им беше дадено алтернативно сместување“, изјави градоначалникот Роберто Почи.

„Бучавата и моќта на водата беа неверојатни. Никогаш не сум видел нешто слично. Ќе поминат неколку дена пред да се расчисти ова. Џорџ и неговото семејство се тука, а патот во близина на нивната куќа е непрооден на места, но тие се безбедни и немаше штета на нивниот имот“, додаде Почи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот