Џордан и Брајант се најдобрите кошаркари на сите времиња

Нормално Џордан и Брајант се најдобрите кошаркари во историјата./ фото: EPA/BRENDAN MCDERMID

Поранешниот НБА кошаркар, Стефон Марбери, нема дилеми околу тоа кои се најдобрите кошаркари на сите времиња, тоа се Мајкл Џордан и Коби Брајант. Марбери кој моментно е тренер на Пекинг Ројан фајтерс во кинеската лига, има комплименти и за играта на Кевин Дурент.

– Нормално Џордан и Брајант се најдобрите кошаркари во историјата. Но, никогаш не сум видел кошаркар како Дурент, тој е единствен. Се сеќавам кога го гледав првиот негов натпревар за Универзитетот Тексас. Тогаш му се јавив на брат ми и му реков: Ова момче се вика Кевин Дурент? Тој бруцош нема долго да остане во НЦАА лигата. Никогаш не сум видел толку висок играч кој на држи топката како што тоа го правеше Дурент. Тоа што го прави единствен и неговиот шут – вели Марбери.

Стефон Марбери во НБА лигата влезе во 1996 година како четврти избор на драфтот каде го избра Милвоки но веднаш го размени во Минесота. Потоа настапуваше и за Њу Џерси, Њујорк, Феникс и Бостон во НБА, а крајот на кариерата го дочека во кинеската лига. Со репрезентацијата на САД го освои бронзениот медал на Олимписките игри во Атина 2004 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот