Џонсон: Сега не е време за лош мир во Украина

Борис Џонсон / Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Британскиот премиер, Борис Џонсон, оцени дека Г7 и НАТО не треба да ја охрабруваат Украина да постигне, како што наведе, „лош” мир со Русија, што би значело откажување од делови од нејзината територија.

Неколку дена пред самитот на Г7 во Германија и НАТО во Шпанија, Џонсон вчера се осврна за ситуацијата во Украина за време на посетата на главниот град на Руанда, Кигали

-Мојата порака до колегите од Г-7 и НАТО би била следна: Сега не е време да ги охрабруваме Украинците да се согласат на лош мир, мир за кој од нив е побарано да отстапат делови од нивната територија во замена за прекин на огнот. Мислам дека тоа би било катастрофа, рече Џонсон.

Британскиот премиер додаде дека е можно некои од најголемите западни сили да се „уморни” од Украина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот