Џонсон се бори за опстанок, пратениците се бесни бараат негова оставка

Борис Џонсон EPA-EFE/WILL OLIVER

Во тек е седница на британскиот парламент, на која премиерот Борис Џонсон се соочува со пратениците кои од него бараат тој да побара оставка.

Џонсон се соочува со обвиненија за кршење на карантинските мерки кога присуствуваше на забава на Даунинг стрит 10, во време кога целата земја беше во строг карантин.

 

Скандалот кој британските медиуми го нарекоа „Партигејт“ ја шокираше јавноста, а многу пратеници од опозицијата побараа итна оставка на Џонсон.

Покрај тоа, неодамна беше откриено дека сопругата на Џонсон – Кери Сајмонс, исто така за време на карантинот му организирала роденденска забава на својот сопруг.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот