Џонсон: Прекин на огнот нема да е доволно за Британија да ги укине санкциите за Москва

Борис Џонсон
Борис Џонсон / Фото EPA-EFE/ANDY RAIN

Договорот за прекин на огнот меѓу Русија и Украина не би бил доволен за укинување на британските санкции, изјави денеска британскиот премиер Борис Џонсон на состанокот со неговите министри.

– Премиерот рече дека само прекин на огнот нема да биде причина за укинување на британските санкции кон Русија, изјави портпаролот на Џонсон

– Тој рече дека притисокот врз (рускиот претседател Владимир) Путин мора да се зголеми со дополнителни економски мерки и обезбедување воена помош за да се осигура дека Русија целосно ќе го смени курсот, додаде портпаролот на британскиот премиер.

Шефицата на британската дипломатија Лиз Трас во неделата изјави дека санкциите наметнати на руски поединци и компании може да бидат укинати доколку Русија се повлече од Украина и се обврзе да стави крај на агресијата.

Трас во интервју за британскиот весник „Телеграф” посочи дека мерките може да престанат доколку Москва го промени курсот. – Она што го знаеме е дека Русија потпиша неколку договори кои едноставно не ги почитува. Значи мора да има висока цена. Се разбира, санкциите се висока цена, рече таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот