Џонсон: Не е време за ново гласање за независност на Шкотска

Борис Џонсон
Борис Џонсон / Фото EPA-EFE/ANDY RAIN

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека се уште не е време за ново гласање за независноста на Шкотска и дека Велика Британија е посилна како единствена економска единица.

„Со години се залагаме за став дека не е време за уставни измени. Нашата економија е посилна благодарение на фактот што сме заедно”, рече Џонсон.

Шкотската премиерка Никола Старџен најави дека втор референдум за независност на Шкотска е планиран за октомври следната година, ветувајќи дека ќе преземе правни мерки за да обезбеди гласање доколку британската влада се обиде да го блокира, пренесе Ројтерс.

Шкотска гласаше против независноста од Велика Британија на референдум во септември 2014 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот