Џонсон: Јасна е волјата на партијата, поднесувам оставка

Борис Џонсон / Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон поднесе оставка од функцијата лидер на Конзервативната партија, по три бурни години на чело, обележани со Брегзит, Ковид и големи скандали.

Џонсон (58) објави дека ќе се повлече од функцијата по серијата оставки оваа недела од неговиот тим во знак на протест против неговото раководство, но ќе остане на функцијата премиер додека не се најде замена.

– Јасна е волјата на парламентарната Конзервативна партија да има нов лидер, изјави британскиот премиер Борис Џонсон објавувајќи ја својата оставка.

Тој рече дека процесот на избор на тој нов лидер треба да започне сега, а распоредот ќе биде објавен следната недела.

– И јас денеска назначив Кабинет додека не дојде нов лидер.

Поддршката за Џонсон се намали во изминативе денови поради обвиненијата дека тој ги игнорирал наводите за сексуално недолично однесување против член на партијата Крис Пинчер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот