Џонсон избегна дополнителни казни од полицијата поради прекршувањето на ковид-правилата

Полиција пред Даунинг Стрит/ Борис Џонсон/ Фото Колаж на СП/ ЕПА

Британскиот премиер Борис Џонсон нема да добие повеќе казни за „Забавите на Даунинг стрит“, откако полицијата соопшти дека ја завршила истрагата за собирите во неговата канцеларија, пишува Гардијан.

Полицијата соопшти дека издале вкупно 126 известувања за фиксни казни, кои ги опфаќаат сите 12 истражени настани.

Џонсон и неговата сопруга Кери, минатиот месец добија фиксни казни за присуство на прослава за неговиот роденден, но нема повторно да бидат казнети. „Мет полицијата потврди дека не преземаат дополнителни дејствија во однос на премиерот“, рече официјалниот портпарол на Џонсон.

Се разбира дека слично уверување и е дадено на г-ѓа Џонсон. Секретарот на кабинетот, Сајмон Кејс, не доби никакви казни, но Мет не потврди дали тој сепак би можел да добие казна.

Додека Џонсон добива само една парична казна навидум би ги ограничила можностите за обидите на ториевците да го соборат од власт, тој сега се соочува со објавување на целосниот извештај за незаконски собири од страна на високиот државен службеник Сју Греј, кој официјалните лица велат дека ќе биде објавен следната недела.

Британската полиција казни 126 луѓе поврзани со случајот „Забавите на Даунинг стрит“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот