Џон Траволта останал без зборови од фаталната русокоса: „Таа е моја колешка од соништата“

Фото: EPA-EFE/DAN HIMBRECHTS AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Американскиот актер Џон Траволта (70) гостуваше во поткастот „Beyond the Sale“, каде изјави дека актерката Марго Роби (34) е негова „колешка од соништата“.

„Марго Роби. О, Боже, можам само да сонувам. Едноставно, ја сакам и таа беше во една од моите омилени серии ‘Пан Ем’“, откри Траволта во интервјуто.

Марго Роби / Фото: EPA-EFE/ALLISON DINNER

Да потсетиме, Роби ја доби својата улога во американската авијациска драма откако се пресели во Холивуд. Иако серијата траеше само една сезона, улогата на стјуардесата Лора Камерон ѝ даде поттик на кариерата во Америка.

„Првпат ја запознав на Оскарите пред две години и ѝ реков: „Ја гледав твојата серија ‘Пан Ам’. Беше навистина добра, ти беше навистина добра. Слушнав дека отсекогаш си сакала да бидеш стјуардеса’“, се присети тој на моментот кога ја запознал Роби.

„Таа рече: ‘Не! Отсекогаш сакав да бидам пилот!’“, раскажува актерот, кој е квалификуван пилот.

Инаку, Траволта почнал да учи да лета кога имал 15 години, а првата дозвола за летање ја добил во 1978 година, кога неговиот култен мјузикл „Брилијантин“ („Grease“) стана вистински хит во киносалите ширум светот.

ФОТО+ВИДЕО | „Каква бламажа!“: Џон Траволта заигра на Санремо, гледачите незадоволни од танцот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот