Џон Малкович доаѓа со претстава на Охридско лето

Џон Малкович / EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Еден од најголемите светски глумци Џон Малкович доаѓа во Охрид. На 26 јули фестивалот Охридско лето ќе приреди историски настан, носејќи едно од најголемите актерски имиња на сите времиња, Џон Малкович, со претставата „Пеколна комедија – исповедта на еден сериски убиец“ во режија на Михаел Штурминген, во која тој ја толкува главната улога.

Малкович во придружба на два сопрани и оркестар, на еден мрачно-комичен начин ќе ја обработи изопаченоста на еден убиец, рече во најавата на театaрската програма на фестивалот селекторката Сања Арсовска.

Шмекот на Холивуд во Скопје, актерот Џон Малкович ќе гради филмски студија кај нас

Проектот за филмски студија во Скопје на холивудскиот актер Џон Малкович влегува во Влада

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот