Фото: Принтскрин/Јутјуб

Џин Хекман направил огромна грешка пред трагичната смрт: Судбината на неговите 80 милиони долари е неизвесна

Драмата околу смртта на познатиот актер Џин Хекман и неговата сопруга Бетси Аракава продолжува. Судбината на богатството на холивудската легенда, проценето на 80 милиони долари, останува неизвесна со оглед на тоа дека неговата сопруга Бетси, која требаше да наследи сè, почина пред него.

Хекман последен пат го изменил тестаментот во 2005 година, но неочекуваната смрт на сопружниците создаде правен хаос, буквално. Според тестаментот, имотот на Хекман требало да ѝ припадне на Бетси, но откако судскиот вештак утврдил дека таа прво починала, имотот сега нема јасно дефиниран наследник.

Ситуацијата дополнително е закомплицирана поради фактот што сите повереници што Џин ги именувал во својот тестамент, луѓето кои требаше да управуваат со неговиот имот по неговата смрт, исто така се починати.

За да спречи понатамошна правна несигурност, судијата во Ново Мексико ја назначи компанијата „Авалон траст“ за привремен управник на имотот на Хекман. „Авалон траст“ сега има задача да го надгледува управувањето со имотот, да се грижи за даночните плаќања и да е во контакт со  потенцијалните наследници.

„Господин Хекман ги избрал своите повереници, но сите луѓе што ги назначи починаа пред него“, објасни адвокатката Лора Кеовен.

Доколку актерот починал пред сопругата, контролата на овие средства автоматски би преминала на Бетси, но се случило спротивното.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот