Џил Бајден оваа недела во Романија и Словачка, ќе се сретне со семејствата на украинските бегалци

Американскиот претседател и првата дама Џо и Џил Бајден/ Фото EPA-EFE/Ken Cedeno / POOL

Првата дама на САД Џил Бајден оваа недела ќе отпатува во Романија и Словачка за да се сретне со семејствата на украинските бегалци, американските хуманитарни и воени работници и вработените во амбасадата, соопшти денеска нејзиниот кабинет.

Патувањето на Џил Бајден е планирано меѓу 5 и 9 мај.

Посетата ќе биде уште една демонстрација на американската поддршка за Украина и земјите кои и помагаат.

Џил Бајден ќе замине во Романија и Словачка по ненадејната посета на Украина на претседателката на Претставничкиот дом на Конгресот на САД, Ненси Пелоси, која минатата сабота се сретна со претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Романија и Словачка примија стотици илјади украински бегалци од почетокот на руската инвазија врз Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот